ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Враќањето на клиниките во нормала предизвика главоболки кај граѓаните

Враќањето на клиниките во нормала го врати хаосот во Клиничкиот центар во Скопје. Граѓаните се жалат на предолго чекање, додека повеќето испитаници на АЛСАТ велат дека терминисте не се точни. Бараат подобра ефикасност и организација.

„Катастрофа, вчера дојдов од 6 часот навечер, чекав до 12:30 по полноќ за инфузија.

„Седум пати вените не можеа да ми ги најдат… На клиниката за Гастро. Имав итен случај, додека лекарите седеа, не им беше грижа. Реков имам болки во стомакот, ми рекоа да си одиме. Ме шетаат осум дена по ред, денес е 9-ти ден што идам од една до друга Клиника и само плаќам. Сè уште не знам ништо, сега ми направија снимка“.

Сепак, имаше и граѓани кои се задоволни од услугите.

За време на периодот кога повеќето клиники беа Ковид центри, многу термини и медицински интервенции беа одложени. Од стабилизацијата на ситуацијата, сите овие термини се реализираат сега.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button