ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Враќањето на клиниките во нормала создадоа големи гужви од пациенти, кои со месеци чекаче за здравствени услуги

Враќањето на клиниките од Ковид центри во нормала ги врати и гужвите на пациенти кои чеката за прегледи и други услуги. Сите прегледи што беа одложени поради пандемијата се прават сега, а многу услуги се вршат само во главниот град. Повеќето од анкетираните се од различни градови.

За да се избегнат долгите редици на пациенти кои доаѓаат од надвор од Скопје и создадениот хаос, Клиниката за хематологија во Скопје применува систем наречен „Е-амбуланта“ преку кој сите пациенти се информираат преку Интернет за нивната состојба и треба да доаѓаат само за интервенциии или за услуга која не можат да ја добијат во нивниот град.

Е-амбуланта“ во Хематолошката клиника е врска помеѓу примарното и терцијарното здравство, каде што матичен лекар може да контактира во секое време со специјалист-хематолог, да се консултира со него за каква била терапија, дијагноза или резултат за кој било пациент кој не може да дојде во Клиниката. Идејата е да заштедиме и време и пари, особено за пациентите кои доаѓаат од други градови за да можат да продолжат со терапија во местото каде што живеат без да мора да доаѓаат во Скопје – изјави Флутим Кадриу, економски директор на Клиниката за хематологија во Скопје.

Алсат М веќе неколку дена, бара одговори од платформата „Мој термин“ колку термини биле одложени поради пандемијата и колкав е бројот на термини кои се закажуваат за еден ден, но не добивме одговор. Во отсуство на административна координација, пациентите патуваат со километри и за најобични услуги.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button