ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Враќањето на задолжителниот воен рок би било враќање назад

Иако некои земји од регионот планираат враќање на задолжителната воена служба, С Македонија не планира да донесе таква одлука. Од Министерството за одбрана велат дека во моментов ниту министерството ниту Генералштабот на Армијата немаат започнато никаков процес.

Advertisements

„Бројот и структурата на персоналот на Армијата се дизајнирани да ги исполнат целите на НАТО за способности, како и за интероперабилност со силите на НАТО. Според стратешкиот одбранбен преглед, сегашната структура се предвидува да биде 6.800 членови, со надополнување од 96 проценти. Во согласност со воведувањето на капацитетите и подобрувањето на структурата би биле исполнети сите барања, стандарди и интеракција со НАТО“, велат од Министерството за одбрана.

Безбедносни експерти оценуваат дека армијата треба да се професионализира, а споменатиот стар систем на регрутирање значи враќање неколку чекори назад.

Ѓуровски нагласува дека задолжителниот воен рок во актуелната економска криза дополнително би го оптоварил буџетот на Министерството за одбрана.

Дебатата за враќање на задолжителниот воен рок во многу земји од регионот беше покрената особено по почетокот на војната во Украина со цел зајакнување на воените капацитети.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button