Враќањето во нормала од пандемијата може да се очекува кон крајот на летово или на есенва

Враќањето во нормала од пандемијата може да се очекува кон крајот на летово или на есенва, но се зависи од волјата за вакцинација кај населението. Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во емисијата „Огледало на здравјето“ на Алсат рече дека сите вакцини штитат и од вирусот, но и од смрт и тешки симптоми доколку вакцинираните се заразат од Ковид – 19. Според последните сознанија на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, кои ги пренесе Петличковски, вакцинираните во случај да се заразат не можат да го пренесуваат вирусот.
„И оттаму доаѓаат овие нови олабавувања, односно нивните последни препораки и насоки дека вакцинираните луѓе можат да се шетаат и без маски затоа што реално, според нивните проценки и истражувања, нема пренесување на вирусот од страна на вакцинираните индивидуи“
Во земјава, расте бројот на граѓани кои се пријавуваат за вакцини. Досега се пријавени околу 400 000, а досега вакцинирани се 260 000 вакцинирани. Околу 39 000 се ревакцинирани.
Министерство за здравство
„Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура“
ВАКЦИНИРАНИ 45,7% ОД ГРАЃАНИТЕ НАД 70 ГОДИНИ
СЕ ВАКЦИНИРААТ ВОЗРАСНИ ГРАЃАНИ
ВАКЦИНА И ЗА ПРИЈАВЕНИТЕ НА „VAKCINACIJA.MK“
Бројот на хоспитализирани е намален и моментално во земјава 329 пациенти се на болничко лекување. 202 низ градовите, а 127 пациенти во Скопје. Денешната ковид статистиката бележи нови 37 случаи од 3 143 тестирања, 15 починати и 69 оздравени од корона вирусот. Од почетокот на пандемијата досега во земајва се заразени 155 000, оздравеле 146 000, а повеќе од 5 000 починаа. Моментално со корна вирусот се борат речиси 2 900 граѓани, од нив 1000 се во Скопје , а над 100 има во Куманово, Прилеп, Тетово и во Битола.
Igor Stefanovski