„ВРЕДИ“: Зошто ДУИ го дели албанскиот глас? Го жртвуваат Бујар Османи

Од албанската опозиција велат дека ДУИ го жртвува Бујар Османи во трката за претседател на државата, а притоа ги расцепкуваат и гласовите на Албанците. Затоа побараа од ДУИ да ја поддржи кандидатурата на Арбен Таравари.
„Наместо да се обидуваат да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да се појави на мегдан и да се натпреварува, па за тоа го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го поддржат Арбен Таравари како прв претседател Албанец. Логично се поставува прашањето: Зошто ДУИ го дели албанскиот глас? На кого му служи сега Али Ахмети? Коалицијата „Вреди“ не се бори за утешни награди, туку за чесна и вистинска улога на Албанците во политичкиот живот. Ако Али Ахмети не може да се бори за интересите на албанскиот народ, фер е тој да оди во политичка пензија“, рече Фари Хисени, „ВРЕДИ“.