ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време: Сончево, попладне со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата ќе се искачи до 36 степени. Во Скопје времете ќе биде сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Утре нè очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Слично ќе биде времето и во главниот град. Максималната температура ќе биде 37 степени.