МАКЕДОНИЈА
Време, сончево со умерена облачност

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во претпладневните часови и во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен претежно југозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 11 до 24 степени. Во Скопје слично време со температура до 21 степен.