ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време, умерено облачно и постудено

Во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста.
Температурата ќе се движи од -7 до 3 степени.