ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време, ведро и студено со утринска магла по котлините

Во Македонија утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови во источните делови ќе има повремен слаб снег. Температурата ќе се движи од -13 до 0 степени.