ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Временска прогноза – Многу топло со висок УВ индекс

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. УВ индексот ќе изнесува 9.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 21, а максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР.

И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button