ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Временска прогноза: Сончево и многу топло со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува.

Advertisements

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во текот на работната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

„Во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури”, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button