ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Временска прогноза – Сончево и топло, попладне услови за невреме

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.