ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Временска прогноза: Сончево со локална облачност, наутро со магла по котлините

Времето утринава ќе биде студено, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје наутро ќе биде студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Во наредните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, каде и дневните температури ќе бидат пониски. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени.