ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Временска прогноза – сончево со умерена облачност

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
До петок времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температура. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.