ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Магливо утро, попладне сончево и топло, а приквечер облачно

Магливо утро и сончев ден е прогнозата на времето за денеска на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму соопштија дека преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени“, велат од УХМР.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 17 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button