ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска – Магливо утро, преку денот со сончеви периоди

Наутро по котлините и речните долини ќе има услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Температурите ќе се движат од -5 до 12 степени. Во Скопје ќе преовладува слично време со максимална температура до 12 степени.