ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Најава за невреме со грмежи и силен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, во форма на невреме, грмежи и силен ветер е денешната временска прогноза, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а ќе бидат проследени со ветер.

Advertisements

„Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени“, велат синоптичарите.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд.

Во одредени делови на скопската котлина врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер.

„Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 28 степени“, информира УХМР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button