ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Наутро студено, во текот на денот сончево

Сончево со мала до умерена облачност – вакво време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Во утринските часови ќе биде студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот се очекува да дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 6 до 1 Целзиусов степен, а во текот на денот од 9 до 16 степени.

Во Скопје, утрото ќе биде студено со услови за појава на магла и ниска облачност, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе биде од минус 3 до 12 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button