ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Наутро свежо, попладне сончево со мала локална облачност

Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку ден сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 Целзиусови степени, информираат од УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.