ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степени.