ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно и посвежо со услови за пороен дожд, грмежи и ветер

Променливо облачно и посвежо време најавуваат синоптичарите за денешниот ден. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во претпладневните часови ќе има локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови од земјата, а вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 32 степена.

Advertisements

Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро до 28 во текот на денот.

За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со локален краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе биде 6. Температурата ќе биде во интервал од 20 до 32 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button