ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег

Денеска се очекува да биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Ќе дува посилен ветер од северен правец, а наместа ќе биде со брзина од над 60 километри на час“, предвидуваат синоптичарите.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, пак, ќе врне и дожд и снег. Попладне врнежите ќе престанат.
„Минималната ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени“, велат од УХМР.