ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: облачно, попладне со дожд

Претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 10 степени.