ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со повремен дожд, на некои места и невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град, информираат од УХМР. Температурите ќе се движат од 12 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме, со температури до 20 степени Целзиусови.