ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму прогнозираат и дека по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени“, соопштија од УХМР.
Во Скопје ќе биде облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд.
„Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени“, прогнозира УХМР.