ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд

Претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд се најавува за денеска. На планините, во текот на денот, се очекува врнежите да бидат од снег. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува и умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе биде од 2 до 9 степени, а во текот на денот од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 6 степени, а максималната ќе достигне 12 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button