ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со слаб ветер, попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Минималната температура ќе биде од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне 26 до 33 степени“, велат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во текот на ноќта ќе има повремен пороен дожд и грмежи.
„Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 33 степени“, информира УХМР.