ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со сончеви периоди и температури до 17 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло, наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.