ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно со сончеви периоди, од сабота нè очекува студен бран

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува“, велат од УХМР.

Advertisements

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец .

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните утрински температури ќе се движат од минус 5 до 3, а максималните дневни од 5 до 13 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button