ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Oблачно со сончеви периоди, попладне се очекува дожд и ветер

Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата наутро ќе биде од 5 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 18 до 23 степени.

Advertisements

Во Скопје, за денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 23 степени.

За утре се најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температурат утре ќе достигне 25 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button