ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со услови за дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во некои делови од земјата ќе има невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 28 степени.
Во Скопје, денеска ќе има променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 28 степени.