МАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно со врнежи од слаб дожд, на планините ќе падне снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму велат дека во крајните западни и северни делови од земјата ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините ќе има врнежи од слаб снег.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени“, велат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени“, се вели во временската прогноза за денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button