ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Преку ден сончево, попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

„Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени“, прогнозираат синоптичарите.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според УХМР, од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Потоа се очекува да преовладува стабилно време, каде дневните температури ќе бидат без промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button