ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Преку ден сончево, утринските температури ќе се движат и до минус 10

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

И во главниот град ќе биде сончево и тивко со мала облачност.

Утрото ќе биде ведро и студено, а по одделени котлини ќе има појава на магла.

Утринските температури ќе се движат од минус 3 до минус 10 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува утринската температура да се спушти до минус 6 степени, а преку ден да достигне до 10 степени.

И следните денови времето ќе биде стабилно и тивко, со ниски утрински температури, а дненивните ќе бидат во пораст.

Во петок се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button