ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претежно облачно со повремен дожд

Денеска во земјава нè очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 7 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 7 до 17 степени.

Слично време се очекува и во Скопје каде што УХМР најавува променливо облачно време со повремен дожд. Во делови од котлината во попладневните часови се очекува врнежите да бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Максималната температура во Скопскиот регион ќе достигне 16 степени.

Променливо облачното и врнежливо време ќе се задржи и утре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button