Времето денеска: Претпладне облачно, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, според најавите на УХМР, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 12 до 20 Целллзиусови степени, а максималните дневни од 25 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 31 степени.
Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени до 19 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 28 степени до 35 степени.