ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне променливо облачно, попладне дожд

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 елзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button