ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне слаб локален дожд и магла, во текот на денот разведрување

Времето претпладне во западните и источните делови ќе биде со услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 15 Целзиусови степени.

Advertisements

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button