Времето денеска: Претпладне сончево, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максмалната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови, нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.