ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне со услови за локален пороен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button