Времето денеска: Претпладне сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд, грмежи и ветер

Времето денеска, во претпладневните часови, ќе биде сончево со умерена облачност. Од пладне се очекува да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Температурата наутро ќе биде од 8 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 17 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде со мала умерена облачност и со температура до 13 Целзиусови степени. Попладне, како што информираат од УХМР, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата попладне ќе биде до 26 Целзиусови степени.