ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: променливо облачно и нестабилно
![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2021/04/vreme-oblaci-780x470.png)
Променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе се движи од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 28 степени.