ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно и релативно топло – температурата до 18 степени

Променливо облачно и релативно топло време најавуваат синоптичарите за денеска. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд, ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој на некои места вдолж Повардарието и во источните делови ќе биде засилен. Утринската температура ќе биде од 3 до 9 степени, а во текот на денот од 9 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.