ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно, попладне на некои места пороен дожд со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во североисточните делови од северозападен правец. Од пладневните часови на некои места ќе има појава на пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button