ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.