ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 л/м2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Advertisements

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневната температура. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button