Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите од дожд, според прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе бидат од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови. Во текот на денот ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 2 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 8 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, од УХМР велат дека ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата ќе биде 5 степени наутро, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
За утре од УХМР прогнозираат дека времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Врнежите од дожд, утре, на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.