Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и од снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. На некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен вдолж Повардарието, се вели во прогнозата од УХМР. Утринската темепартура ќе биде од минус 10 до минус 3, а во текот на денот од 1 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд. Наутро темепратурата ќе биде минус 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.