ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди

Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 25 степени.