ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди

Во Македонија денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и многу студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови (локално над 60 км/ч.). Дневната температура ќе се движи од минус 7 до 3 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 0 степени.